Доверливост

« Пристапот до услугите достапни на интернeт-локацијата www.okaidi.com може да ни овозможи да ги собереме и регистрираме личните податоци, како на пример: име, презиме, интернет-локација, име и возраст на децата, број на картичка за лојалност… ».
Овие информации ни се неопходни за да овозможиме квалитетни услуги. Информациите се предмет на интерна употреба.

Овие информации може да бидат предмет на цесија за дополнтиелни комерцијални цели кои компанијата Okaïdi внимателно ги избрала, освен во случај кога не сте дале согласност за такво постапување со податоците.

Досиејата кои ги собира Okaïdi се дел од одобрението на  Националната комисија за информатика и слобода. Во согласност со Европската директива бр. 94/46/ЕC од 24 октомври 1995 година, која се однесува на заштита на физички лица во однос на постапувањето со податоците од личен карактер и слободна циркулација на податоци, имате право на пристап и исправка на личните податоци.

Овие права може да ги стекнете доколку ни се обратите:

Преку е-пошта:
service-clients@okaidi.com

Поштенски:
Okaïdi
Service Clients
162 bd de Fourmies
BP 615
59061 ROUBAIX CEDEX 1

France

Колачиња 

При посетата на интернет-локацијата може да ви се појават колачиња на екранот на компјутерот, мобилниот телефон или таблетот. Колаче е текст кој се појавува при посетата на некоја интернет-локација или некоја реклама. Целта на колачето е да собере информации кои се важни за навигацијата од една во друга интернет-локација и да ви понуди услуги кои се приспособени на пребарувањата за да ви го подобри искуството при пребарување на интернет. Користиме колачиња за да ве идентификуваме и за да ви пристапиме до сметката.

Доколку не сакате да користите колачиња, треба да ги приспособите параметрите на компјутерот за да ги избришете сите колачиња од интернет-локациите кои сте ги пребарувале и/или да добиете известување дека колачињата се прекинати. Доколку не сакате да ја приспособите конфигурацијата во однос на колачињата, тогаш продолжете со директно пристапување кон интернет-локацијата.

За повеќе информации за колачињата и нивните негативни ефекти врз навигацијата на интернет посетете ја интернет-локацијата на Европската комисија :   http://ec.europa.eu/cookies/index_fr.htm

> Каков тип колачиња користиме?


Колачиња за автентикација:

Овие колачиња се неопходни за да ве идентификуваат и за да може да се добие пристап досметката на нашата интернет-локација. Тие се деактивираат штом го исклучите интернет пребарувачот.

Колачиња за перформанси :  

Колачињата собираат анонимни информации во текот на навигацијата во рамките на интернет-локацијата. Тие му овозможуваат на Okaïdi да открие потенцијални проблеми и да ја подобри навигацијата на интернет-локацијата.

Функционални колачиња :  

Овие колачиња собираат информации за параметрите, како и  за навигацијата во рамките на интернет-локацијата (на пр. избор на јазик, написи кои сте ги прочитале итн.)

Рекламни колачиња :  

Овие колачиња наречени «врски» анонимно собираат информации кои се резултат на пребарувањето. На тој начин овозможуваат појава на реклама во согласност со навиките за купување и интернет-локациите кои сте ги посетиле.

Колачиња чиј извор се некои други интернет-локации: 

Интернет-локацијата содржи врски кои ве праќаат/упатуваат на други интернет-локации кои користат колачиња. За да добиете повеќе информации за овие видови колачиња, упатете се на интернет-локациите на кои наведуваат овие колачиња.

> Како да се справите со колачињата на пребарувачот?

Како да прифаќате и одбивате колачиња на терминалот?

Постојат различни начини за справување со колачињата: во согласност со тоа што го претпочитате може да ги одобрите, одбиете, деактивирате (само колачето кое е активирано, може да биде деактивирано и ќе се избрише само на крајот на неговиот рок на траење). Би сакале да имате предвид дека целосното одбивање на некои колачиња може да ви го оневозможи пристапот до услугите или пак да доведе до послабо и понеприспособено користење на услугите.
Може да изберете како ќе се справите со колачињата и да си ги приспособите желбите во рамките на пребарувачот:

Секој пребарувач има различна конфигурација. Треба да ги следите насоките на пребарувачот (достапни врски за датумот на ажурирање на овој документ за доверливост):

– Доколку го користите пребарувачот  Explorer: http://windows.microsoft.com/fr-FR/windows-vista/Block-or-allow-cookies
– Доколку го користите пребарувачот Safari: http://support.apple.com/kb/PH11913
– Доколку го користите пребарувачот Firefox: https://support.mozilla.org/fr/kb/cookies-informations-sites-enregistrent#w_paramaetres-des-cookies
– Доколку го користите пребарувачот Chrome: https://support.google.com/chrome/answer/95647
– Доколку го користите пребарувачот Opera: http://help.opera.com/Windows/10.20/fr/cookies.html
– Доколку користите други терминали, погрижете се параметрите на пребарувачот да бидат поставени во согласност со вашите параметри.

> Кое е времетраењето за зачувување на колачињата?

Времетраењето на зачувување на колачињата е максимум 13 месеци.





Choose language