„Obaïbi“ стапи во партнерство со здружението „СОС Према“ за набавка на производи кои се неопходни при раѓањето и негата на предвремено родените деца. Новата колекција наменета за новороденчиња одговара на потребите на младите родители, кои истовремено се загрижени за добросостојбата на своето бебе и чувствителни во однос на светот кој ги опкружува. Токму поради тоа, оваа колекција која нуди сè што ви е потребно, е изработена од чист биолошки памук која на вашето бебе му нуди обвивка од удобност уште во првите денови од животот на детето и мајчинството. Меки и софистицирани материјали, нежни и модерни шари, практични и паметни решенија кои одговараат на моторичките потреби на вашето бебе, овозможувајќи му да ја истражува околината без ограничувања и целосно безбедно.
„СОС Према“ е национално здружение за помош и поддршка на родители на предвремено родени деца кое се стреми кон подобрување на негата на предвремено родените бебиња во Франција. Благодарение на неговата мрежа составена од доброволци и здравствени работници, како и неговата веб-локација и публикациите кои ги објавува, ова здружение предлага активности поврзани со следното:
– Прием, сослушување и поддршка за семејствата
– Воспоставување дијалог со медицинските екипи
– Зголемување на свеста на властите
– Превенција на предвременото раѓање